Оливера Доцевска

Поезия

ВТОРИ ЈАНУАРИ 2016

5.00  (3 гласа)

Поезия

ИЛУЗИЈА

5.00  (4 гласа)

Виж още

НАДВОР ОД ОВОЈ СВЕТ

5.00   (2 гласа)

Не припаѓам тука,

не знам за зборови празни,

не сакам да се повторувам,

ниту пак сакам одвратно таговно

и жално да зборувам,да редам.

Да наоѓам мани кај што мани нема,

да правам сплетки , интриги прости.

 

Не, јас не припаѓам тука, овој свет ми бега.

Не припаѓам овде и сега.

 

Јас сакам смеа, љубов, прегратки

како сатен свила нежни,

Мирис на јоргован и црвена роза,

Сакам тесни патеки крај река и во трева нозе боси.

Сакам долго во сонце да гледам,

крај река брза што жубори за рака да те стегам.

И сакам земја црвена родна со луѓе сложни.

 

Не припаѓам тука.

Кај ми е место, од кожа тесна, се прашувам често.

Мојот дух бега секогаш на друго место.

Во далечни непрегледни висорамнини, каде земјата го гали небото.

Во воздух и вода на брегот морски,

алги кај одат на прошетка

и морски звезди со бели школки.

 

На брег само небо црно да гледам

и покрив од звезди

во небески црни коси.

Не, јас не припаѓам тука.

Само таму ми е место,

во ширина, каде на душата моја

ни малку не и е тесно.

Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.

© PlovdivLit 2026